Поранешната македонска Гранд ѕвезда со преубава вест – пристигнуваат честитки, беше ова убав ден
Пејачот денес ужива со своето семејство, но и вредно работи на својата музичка кариера

Еден убав ден за цело семејство
Поранешниот пејач од „Ѕвездите на Гранд“, Александар Темелков, славеше роденден, па доби бројни честитки од фановите.
Тој додека се натпреваруваше во популарната емисија постојано правеше шоуа и беше единствениот од кандидатите што ја носеше во раце балканската поп-дива Јелена Карлеуша.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Овие сцени станаа легендарни, а Темелков по „Ѕвездите на Гранд“ продолжи успешно да ја гради својата музичка кариера.
Тој минатата година и се ожени со неговата девојка Сара, а на Божиќ му се роди и синот Мите, кој годинава наполни една година.
Инстаграм/ Александар Темелков
Тие во мај месец му направија и крштевка на нивниот наследник, а пејачот со него често споделува фотки на Инстаграм.
Од нив може да видиме дека Александар и неговата Сара уживаат во брачниот живот, но и на малиот Мите му е супер со нив.
Инстаграм/ Александар Темелков
Тој е вистински позер и со секоја фотографија ги освојува сите, а многумина велат дека многу личи на својот татко.
Инстаграм/ Александар Темелков
Потсетуваме, Александар својата сопруга ја запроси во 2023 година кога сите ги изненади и со веста дека очекуваат дете.
Малиот Мите пристигна на Божиќ 2024 година, а како пејачот се снаоѓа и во улога на татко, погледнете во продолжение…