Поранешната македонска Гранд ѕвезда го прослави првиот именден на својот син – „Те сака тато најмногу!“
Пејачот никогаш посреќен...
Ова навистина беше посебен ден за младиот македонски фолк-пејач Александар Темелков (24) и неговата сопруга Сара.
Тие вчера му го прославија првиот именден на нивниот син Мите кој се роди во јануари оваа година, па пејачот не криејќи ја својата среќа сподели и една заедничка фотографија со наследникот.
„Вечно име Мите, сине мој. Да си жив и здрав и долговечен, те сака тато најмногу. Вечно име и на сите што го носат ова име“, напиша Темелков врз милата фотографија со која што ги стопи сите.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Имено, на фотографијата тој го држи во рацете својот наследник, а многумина беа изненадени колку Мите личи на својот татко.
Инстаграм/ Александар Темелков
Потсетуваме, Александар Темелков се прослави во популарното музичко шоу за таленти „Ѕвездите на Гранд“.
Тој откако го напушти шоуто продолжи да ја гради својата кариера, а зад себе веќе име неколку песни со кои ја воодушеви својата публика.
Инстаграм/ Александар Темелков
Александар во „Ѕвездите на Гранд“ прв пат се појави пред речиси десет години, а ќе остане запаметен со една негова изведба на песна од Зорица Брунцлик со која ги воодушеви сите, но и по легендарната сцена кога Јелена Карлеуша, која тогаш беше во жирито, го подигна во своите раце и го изнесе на познатата сцена.
Како сето тоа изгледаше, потсетете се во продолжение…
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд