Наши ѕвезди

Поранешна македонска Гранд ѕвезда со сопругата го прославија именденот на овој мал јунак

„Татко те сака најмногу“ напиша Темелков под фотографијата...

Advertisement

Ова беше посебен ден за познатиот фолк-пејач

Поранешната македонска Гранд ѕвезда, Александар Темелков, на својот профил на социјалните мрежи сподели среќна вест.

Advertisement

Имено, за пејачот и неговата сопруга откако им се роди синот празникот Митровден има посебно значење.

Инстаграм/ Александар Темелков

На неговиот син Мите му беше именден, па Темелков сподели една заедничка фотографија и сите ги воодушеви.

„Вечно име Мите, богатство мое најскапоцено. Да си ми жив и здрав и успешен во животот, те сака тато најмногу“, напиша Темелков.

Инстаграм/ Александар Темелков

Инаку, наследникот на пејачот за неколку недели ќе го прослави својот втор роденден, а како се веселеше татко му на неговата роденденска прослава минатата година, заедно со сопругата, потсетете се тука.

Инстаграм/ Александар Темелков

Потсетуваме, Темелков се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“, каде се натпреваруваше неколку сезони.

Но една сцена со пејачката Јелена Карлеуша ќе остане запаметена засекогаш, кога Темелков по убедување на Саша Поповиќ, реши да ја крене пејачката во раце, како што своевремено таа тоа му го направи нему.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Оваа сцена тогаш ги насмеа сите, а и денес важи за една од најгледаните во популарното музичко шоу.

Како тогаш Темелков ја изврши задачата, но и како реагираше Карлеуша кога ја подигна од земјата, погледнете тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button