Поранешна љубов на Аца Лукас е внука на Баба Ванѓа – фолкерката ги шокирше сите со своето потекло?!
Од „кралица на сплавовите“, до мајстор за скандали

Оваа вест ги изненади нејзините фанови
Познатата српска пејачка Даниела Враниќ своевремено откри дека е во блиска роднинска врска со починатата гатачка Баба Ванѓа.
Таа во една пригода дури сподели и неколку детали што Баба Ванѓа, наводно, своевремено ги кажала за неа.
Инстаграм/ Даниела Враниќ
Како што самата откри тогаш, таа нејзиниот татко го потпрашувала постојано дали Ванѓа некогаш нешто рекла за неа, а тој секогаш во шега им кажувал дека зборувала како таа и нејзината сестра ќе бидат среќни.
„Всушност, ние и сме среќни“, изјави тогаш Даниела.
Таа потоа додаде и дека нејзиното семејство никогаш не ја доживувале Баба Ванѓа како јасновитка, односно како гатачка.
Инстаграм/ Даниела Враниќ
Но и покрај тоа што Баба Ванѓа не и е вистинска баба, пејачката е убедена дека од неа ја има наследено својата силна интуиција.
Таа не чуваше мене и мојата сестра кога бевме мали, но јас не се сеќавам многу на тоа. За нас беше само наша баба и ништо повеќе. Негувавме љубов кон неа и горда сум на неа како на баба, а не како на гатачка“, изјави оваа пејачка своевремено за српските медиуми.
Инстаграм/ Даниела Враниќ
Потсетуваме, Даниела порано важеше за една од најпознатите пејачки во Србија и ја нарекуваа „кралица на сплавовите“.
Инстаграм/ Даниела Враниќ
Таа беше познаа како некој што знае да направи одлична атмосфера со своите настапи и е гарант за добра забава.
Инстаграм/ Даниела Враниќ
Даниела беше спомната и во автобиографијата на Аца Лукас, а своевремено се шушкаше дека имале бурна врска.