Пораки за Фросина од кои ќе ви се насолзат очите – цела Македонија тагува, се огласи и нејзиниот татко
Цела Македонија во солзи од трагичниот настан...
Младата дизајнерка од Неготино, Фросина Кулакова (22), загина на лице место откако беше прегазена на пешачки премин.
Страшната несреќа се случи на булеварот „Партизански одреди“, а осомничениот кој го управувал возилото е во притвор.
Оваа трагедија ја потресе цела Македонија, а многу револтирани граѓани излегоа денес на протести во Скопје на кои оставија цвеќиња и запалија свеќи крај фотографијата на Фросина, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Врските не враќаат човечки животи“, „Не е несреќа, туку убиство“, „Уште колку“, искажувајќи го својот гнев.
Инстаграм
Реакциите не стивнуваат и на социјалните мрежи, па така бројни наши познати јавни личности изразија сочувство до семејството, но и отворен револт до институциите да бидат преземени мерки.
Еве што споделија некои од нив:
Инстаграм
„По којзнае кој пат, време за плачење“, сподели Бомбакис на својот Инстаграм запрашувајќи се „Каде погрешивме..?“.
Инстаграм
Погледнете ги и останатите објави…
Инстаграм
Потсетуваме, покрај протестот во Скопје и граѓаните од Неготино излегоа на улица да изразат сочувство до семејството.
Инстаграм
На граѓанскиот собир беше и таткото на младата девојка, Тодор Кулаков, кој скршен од болка даде изјава за медиумите.
„Дали е тоа сообраќај, економија, не знам.. Имаме ли неказнивост, се соочуваме со тотален распад во општеството. Тој таков каков што е, лузер по сите редови и мерила, влезен во таков филм го убива девојчето кое е бисер од дете, врвен дизајнер, четврта година со веќе самостојни изложби, со пофалби со награди, и му оставаш од таа неказнивост наместо да е во притвор заради таквиот пристап он е слободен и ја убива. Што повеќе да кажам. Нема што повеќе.“ изјави таткото на младата девојка пто беше прегазена во Скопје.