Порака од сестрата на Лозано за нејзините ученици – ова и родителите треба да ги замисли, и за нив важи
Сестрата на Лозано за ЧетГПТ и за учениците коишто се однесуваат како мали принтерчиња

Многумина ја препознаваат по пишаниот збор, но и како сестра на еден од нашите најпознати пејачки, Влатко Лозаноски.
Марија Лозаноска е авторка на неколку книги, а често привлекува внимание и со нејзините објави на социјалните мрежи. Таа е и учителка по македонски јазик, па сега со нејзината објава која се однесува токму на ова нејзина професија предизвика бројни реакции.
Имено, Марија овој пат во својата објава коментираше еден нов феномен со кој се соочуваат наставниците.

Инстаграм/ Марија Лозаноска
Станува збор за користењето на ЧетГПТ кое некои ученици го користат за да им ја напише писмената работа по Македонски јазик.
Па како што вели Марија, ако некогаш состави ни пишуваа тетки и стрини, тоа сега го прави роботот, но проблемот е во тоа што учениците наместо да истражуваат, тие препишуваат, така што на тој начин многу помалку се развива нивната креативност.

Инстаграм/ Марија Лозаноска
„Што ќе научиш освен подобро да препишуваш и ќе заборавиш да мислиш со своја глава? Ние наставниците по Македонски не бараме да бидете писатели, туку да се описмените, да составите реченица, да размислувате на одредена тема“ вели Марија во оваа своја објава што ја сподели на социјалните мрежи.
Во продолжение прочитајте ја нејзината цела објава и во коментарите кажете ни го и вашето мислење на оваа тема.
Chat GPT и писмените по Македонски јазик
Овој период се прават првите писмени работи по Македонски јазик и се појавуваат првите борби со нашиот виртуелен асистент Chat GPT. И да, го нарекувам асистент затоа што ни помага, но не ни ја врши работата.
Ако порано ни пишуваа состави тетки и стрини, сега тоа ни го прави роботот. Најголемата разлика е во тоа што не секој има талентирана тетка или стрина за пишување, ама секој може да ја инсталира апликацијата. Нема ништо погрешно во претходно истражување на дадената тема (не и наслов!), но проблемот е што денешните ученици не знаат да истражуваат.
Тие препишуваат.
Ајде што препишуваат, но не знаат што препишуваат. Не се присутни во моментот зошто ја препишуваат точката, зошто има нов ред, зошто се вовлекува редот, зошто некаде има мали, а некаде големи букви.
Се однесуваат како мали принтерчиња.
Си прават лошо на себе. Секоја писмена работа/состав напишани од свое размислување, свој ракопис/ногопис е стопати подобро од тоа Chat GPT да ти ја напише писмената. Затоа што само така ќе се ОПИСМЕНАТ и само така наставникот ќе укаже што да подобри следниот пат. Ќе памти од претходната писмена работа дека наставничката кажа дека не треба речениците да имаат десет реда, туку најмногу 2-3 реда, дека месеците се со мала почетна буква и дека треба да се држиме до насловот и темата.
Што да поправи ако е од Chat GPT?
Што ќе научиш освен подобро да препишуваш и ќе заборавиш да мислиш со своја глава?
Ние наставниците по Македонски не бараме да бидете писатели, туку да се описмените, да составите реченица, да размислувате на одредена тема.
Уште не сте созреани за такви играчки.
Возрасни, ова важи и за вас.
Со лесно писмените!
Инаку, Марија е професорка по македонски јазик, но и успешен уметник која уметноста ја изразува преку пишаниот збор, но и преку изработка на накит. Покрај тоа што има напишано неколку книги и бројни познати цитати што веќе со години се споделуваат на социјалните мрежи, Марија изработува и фантастични парчиња накит кои зрачат со креативност, а ги изработува под името на нејзиниот бренд „Леана“.
Повеќе за ова прочитајте тука >>



