Поради татко му раскина со Емина Јаховиќ, а потоа го истетовира нејзиното име и побара утеха во овие познати убавици
Приказна за љубовта на Емина и богатиот Казанова
Откако се дозна дека Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал се разведуваат јавноста не престанува да се интересира за секоја пикантерија која произлегува од нивниот приватен живот. Во медиумите почнаа да се појавуваат и работи од нивното минато, а една од последните информации за кои пишуваа медиумите од соседството беше и старата љубов на Емина со Марко Мишковиќ со кого беше во врска цели 10 години. Но таа не е единствената убавица што била во прегратките на овој познат српски бизнисмен.
Марко Мишковиќ веќе долги години е во среќен брак со пејачката Јована Николиќ, а најдолгата врска пред неа му беше со Емина. Деновиве се појави и причината поради која тој и Емина раскинале, а тоа било затоа што неговиот татко, Мирослав Мишковиќ не сакал да ја прифати Емина бидејќи била од друга вера. Како што пишуваа српските медиуми, Марко откако раскинал со неа го истетовирал нејзиното име на хебрејски на неговата нога.
https://www.instagram.com/p/BdTFrq8lCUz/?taken-by=badrich
Инаку Марко пред да се омажи со Николиќ важеше за вистински Казанова. Тој во 2006 година имаше кратка авантура со српската мисица Сања Папиќ, а по бурната врска со атрактивната манекенка бизнисменот заплови во љубовни води со Емина, па со Ана Николиќ.
https://www.instagram.com/p/BfKzhxkANvg/?utm_source=ig_embed
Потоа следуваше уште една позната манекенка, Нина Сениќар, па младата актерка Мирка Васиљевиќ. Истата година за него се шушкаше и дека е во врска со хрватската пејачка Нина Бадриќ, а во некои медиуми можевме да прочитаме дека токму тој е и причината поради која Нина се разведе од нејзиниот поранешен сопруг Бернард.