Стил

Поради овие стјуардеси ќе посакате да се качите во авион – толку се убави што ќе ви сопре здивот

Професијата на стјуардеса не е само престижна и добро платена, туку бара и дисциплина, здравје и постојано усовршување. А тие што ќе успеат да се најдат на небото - добиваат можност која ги надминува границите на обичната работа.

Advertisement

Стјуардеса не се станува лесно. Да се стане дел од кабинскиот екипаж на реномирана светска авиокомпанија не е само прашање на професионализам, туку и на изглед, кондиција и целосна посветеност. Во многу случаи, процесот на селекција наликува на кастинг за модна агенција бидејќи стјуардесите се лице на брендот и амбасадори на компанијата во воздухот.

Колку е попозната и повисоко рангирана авиокомпанијата, толку е построг процесот на одбирање кандидатки. Минимален услов е познавање на англиски јазик на ниво B2, а кај некои компании дури се бара C1. Дополнителен плус е знаење на турски или кинески јазик.

Advertisement

Покрај комуникациските вештини, задолжителни се и стабилна психичка состојба и способност за дејствување под стрес, што се проверува низ неколку селекциски кругови. Медицинските услови се уште построги – се бара совршен вид, отсутност на хронични болести и здрав вестибуларен систем. Физичката кондиција е исто така важна: спортски успеси во биографијата се добредојдени како доказ за одлично здравје.

Се внимава и на физичкиот изглед. Висината мора да биде помеѓу 160 и 180 см, а тежината пропорционална. Големината на облеката не смее да надминува број 46, а изгледот не смее да создава впечаток на прекумерна тежина.

Тетоважи, пирсинг и видливи лузни се строго забранети, особено кај компании како Qatar Airways. Возрастен опсег за прифаќање е обично од 21 до 30 години.

Advertisement

Покрај сето ова, стјуардесите мора да поседуваат извонредна учтивост и способност за справување со конфликтни ситуации. Во врвните компании, се спроведуваат редовни тренинзи за дејствување при итни ситуации, психолошка подготовка и совладување на техники за однесување со патници.

И покрај строгиот процес, наградата е примамлива. Просечната плата на стјуардеса во меѓународна компанија изнесува околу 3.500 долари месечно, зависно од бројот на часови во лет и надоместоците за патувања. Но најголемата предност е можноста да се патува и да се запознава светот од сосема поинаква перспектива.

Многу стјуардеси паралелно водат популарни профили на социјалните мрежи, каде ја прикажуваат заднината на професијата и патувањата.

Некои авиокомпании дополнително го подигнуваат статусот на стјуардесите со дизајнерска униформа. „Ер Франс“, на пример, соработува со познатиот дизајнер Кристијан Лакроа, а порано со Баленсиага и Диор. „Емиратс“  ја носи истата препознатлива униформа од 1997 година, дизајнирана со почит кон арапската традиција од британскиот бренд Сајмон Џерси.

Но, униформата не би имала тежина без жените што ја носат. Затоа, голем број патници и медиуми ги следат највпечатливите лица меѓу стјуардесите. Меѓу нив се издвоија:

Бенедета Минерале (Ryanair)

принтскрин инстаграм
принтскрин инстаграм
принтскрин инстаграм

Бенедета е 25-годишна Италијанка и инфлуенсерка со 190.000 следбеници, активна во модата и коњичките спортови.

Камилa Кандуро (Ryanair)

Шпанка од Барселона која обожава луксузни дестинации и има препознатлив стил.

инстаграм

Изабела Kира (Wizz Air)

Романка со седум години искуство и 400.000 следбеници на социјалните мрежи, која сега преминува во кариерата и како инфлуенсерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Isabela Chira (@isamanescu)

принтскрин инстаграм

Ника Козенс (British Airways)

Британката Никајла Козенс работи како стјуардеса веќе 11 години и признава дека е среќна што се занимава со нешто што навистина ѝ носи задоволство.

36-годишната жена изгледа многу помладо од своите години, а тајната е во здравиот начин на живот и навиката слободното време да го поминува во природа. Никајла обожава да го истражува светот и многу патува, а низ Англија секогаш ѝ прави друштво нејзиното прекрасно куче.

инстаграм

Мара Мендос (Qatar Airways)

Мара Мендоса има над 41.500 следбеници на социјалните мрежи и е бренд-амбасадорка на Qatar Airways. Веќе 10 години живее во Доха, која ја смета за свој втор дом. На својот профил споделува бјути-совети, детали од професијата и фотографии од патувања. Неодамна се омажи.

инстаграм
инстаграм

Хурем Малтипинар (Sun Express)

Хурем Малтинпинар ја напуштила кариерата како модел за да стане стјуардеса – нејзин сон од детство. Веќе една година работи за SunExpress, авиокомпанија со седиште во Анталија. Таа има 29 години, течно зборува руски и студирала руска литература. Во слободно време патува со сопругот и објавува фотографии од патувањата на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @hurremaltinpinar

инстаграм

Пат Дусита (Air Asia)

Стјуардесите на Air Asia се сметаат за едни од најубавите во светот. Особено се истакнува Пат Дусита, која веќе две години работи и патува речиси низ целиот свет. Таа важи за совршен пример на азиски тип на убавина.

инстаграм

Медин Јавуз (Turkish Airlines)

Уште една турска убавица во нашата селекција. Сигурни сме дека стјуардесите лесно би можеле да поминат кастинг за главни улоги во познати турски серии – визуелно е невозможно да се разликуваат од актерките по убавина. Медин не е блогерка, но со задоволство споделува бјути-трикови со својата публика. А понекогаш ги радува следбениците и пријателите со приказни од животот на една стјуардеса.

Инстаграм

Рису Моришита (Emirates)

Денес, Мис на светот од Јапонија и Мис Токио 2023, Рису Моришита, можете да ја сретнете ако летате со Emirates. По долга пауза, во 28‑годишна возраст решила повторно да се врати во професијата и покрај динамичниот живот, без небото и летовите не ѝ изгледал целосен. Фит и многу убава, Рису промовира здрав начин на живот, обожува модни експерименти, и на својот блог споделува не само тајни за работата како стјуардеса, туку и трикови за љубителите на трчање.

принтскрин

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button