Кафе муабет

Туна можеби е најгрдото кученце на светот, но тоа има повеќе обожаватели и пари од повеќето од нас

Advertisement

„Луѓето велат дека Туна е најгрдиот пес на светот. Но јас им велам дека е најубавиот“ вели неговата газдарица Кортнеј Дашер.

Advertisement

Но, без разлика во која категорија ќе ја сместите Туна, факт е дека малиот пес има 1.4 милиони следбеници на Инстаграм и е попопуларен не само од вас, туку и од мега-популарните ѕвезди како  Пол Макартни и Канје Вест

И тоа не е се. Шармантната Туна има 4 години, но и линија за облека за кучиња, а деновиве Дашер ја објави и неговата прва автобиографија.

Advertisement

Инаку, кога таа прв пат објави фотографија од својот љубимец кој боледува од дисфункција на долната вилица, тоа веднаш беше прогласено за најгрдото куче во светот. Дашер вели дека на почетокот коментарите биле грозни.

„Луѓето зборуваа грозни нешта. Да го фрлам на карпи, дека е толку грд што најдобро би било да го успијам… И тоа навистина беше вознемирувачко за мене“, вели Дашер којашто го нашла кученцето кога имало само четири месеци.

Денеска профилот „Туна ги топи вашите срца“ ги руши сите рекорди по посетеност, а обожавателите и следбениците на профилот можат да купуваат и модни додатоци со ликот на Туна.

По се изгледа дека сопственичката на кученцето има добар бизнис план и многу добро ја користи популарноста на својот љубимец    

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button