Овие патики се хит и на улиците во Скопје
Патиките и оваа пролет ќе го задржат својот моден статус со кој се закитија пред неколку сезони. Тие сега не се само дел од спортските комбинации, туку и впечатлив моден додаток кој можеме да го „фураме“ дури и во нашите елегантни вечерни изданија. Меѓу нив патиките во бела боја ќе бидат на самиот врв меѓу најбараните модели и оваа сезона, а тоа можевме да го видиме и од бројни наши познати девојки кои веќе ги носеа во своите пролетни комбинации.
https://www.instagram.com/p/Bhi5_F8FHB5/?hl=en&taken-by=victorialoba
Тука пред се мислиме на Сања Николиќ која уште пред неколку месеци се пофали со своите бели адидаски Стен Смит (види тука), но и на Викторија Лоба која неодамна го покажа омилениот модел за оваа сезона.
https://instagram.com/p/BhuzLPSB-tc/?utm_source=ig_embed
Што се однесува до светската сцена, меѓу најпопуларните модели за оваа пролет ќе ги спомнеме патиките од Александер Меквин. Станува збор за „оверсајз“ модел со рамна платформа за кои треба да издвоите од 335 евра па и повеќе. Овој модел за многу кратко време доживееја вистински бум, па Турците и Кинезите веќе направија свои верни копии така што интересни варијанти на овој модел можат да се најдат и во многу други продавници за многу попристојна цена.
Секако подучени од социјалните мрежи и пред се од Инстаграм, не требаше да помине многу време да станат популарни и меѓу нашите сограѓанки кои веќе ги носат како во своите дневни, така и во поелегантните, вечерни изданија.
https://www.instagram.com/p/BV-Wmfwlc8G/?utm_source=ig_embed
Па, кои се вашите омилени патики за оваа сезона?