Реклама
Кафе муабет

Модни трендови кои можат да предизвикаат сериозни здравствени последици!

Реклама

Модата е феномен кој го сакаме сите, но дали сте знаеле дека поради неа можеме да имаме и сериозни здравствени проблеми?

Да, модата и трендовите можат да бидат причина за сериозни здравствени проблеми, па затоа пред да почнете слепо да следите некој актуелен тренд – размислете добро дали тој влијае негативно на вашето здравје, колку често го практикувате, и ако е така, размислете добро дали тој тренд е токму она без кое не можете да живеете и сл.

Маркетинг

Во продолжение прочитајте три трендови кои долго време се присутни на модната сцена, а поради кои можете да имате сериозни здравствени последици.

1. ЕKСТРЕМНО ВИСОKИ ПОТПЕТИЦИ

Маркетинг

Екстремно високите потпетици се еден од оние модни трендови кои (заедно со корсетите кои исто така потекнуваат од пред неколку векови!) можат да ви направат најмногу штета. Чекорењето на прсти го турка торзото нанапред, а телото наназад и тоа има големо влијание на карлицата која поради тоа е под голем притисок. Последиците од постојаното одење во високи потпетици можете да ги почувствувате по неколку недели или месеци. Грчеви во прстите, болка во грбот и колковите се само некои од последиците.

2. ГОЛЕМИ ИТ ТОРБИ

Големите чанти се ИН веќе неколку сезони. Во нив можеме да ставиме повеќе работи, но здравствените проблеми настануваат поради постојаното носење на чантата на едната страна од рамениците која потоа ќе биде посилна од другата или во некои случаи ќе дојде и до промена на физиономијата на телото така што едното раме ќе биде повисоко од другото.

Покрај тоа, големите чанти можат да предизвикаат и болка во вратот, карлицата и рамениците, па за да го избегнете – менувајте ја страната на која ги носите овие чанти и неколку пати во неделата заменете ја големата чанта со полесна и помала.

3. ИДЕАЛИТЕ НА УБАВИНАТА

Трендот на преслаби модели покрена лавина незадоволни и неприфатени женски тела без разлика на возраста и годините. Сакајќи да ги достигнат идеалите на убавината од модните пости, многу жени посегнуваат по ригорозни и нездрави диети кои неретко се претвораат во болести како што се анорексија и булимија.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button