„Ќе го видиш Господ, само да си дојдам дома?!“ – Неколку популарни изреки типични за балканските мајки
Овие во продолжение се само едни од најчестите реченици кои некогаш сме ги чуле, и тоа повеќе од еднаш. Ако не сте пораснале на Балканот, тогаш за жал сте биле скратени од можноста да ги слушнете овие бројни бисери кои ги кажуваат мајките при растењето на нивните деца.
1. Ако дојдам и го најдам тоа, подобро да те нема!
2. Еден ден ќе ти биде жал што си се однесувал/а така.
3. Зар навистина мислиш дека парите растат на дрво?!
4. Ќе го видиш Господ, само да си дојдам дома.
5. Немој да стоиш пред телевизорот, татко ти не е стаклар.
6. Да даде Господ да имаш дете како што си ти.
7. На твои години јас пешачев шо шест километри…
8. Ќе те видам кога ќе дојдеш на мои години…
9. Како на ѕид да зборувам, а не на тебе.
10. Марија да скокне од мостот, ќе скокнеш и ти?
11. Јас слугинка ли сум во оваа куќа?!
12. Кутрите вие ако јас полудам.
13. Јас сум сигурна дека само нашите гласови се слушаат во оваа зграда.
14. Не ме интересираат другите, ме интересираш само ти!
15. Само ако ти дојдам!