Три бои на коса кои ќе бидат хит оваа пролетна сезона
Пролетните месеци се совршен момент да ја промените бојата на косата.
Покрај новите фризури, новата сезона ни носи и нови трендови, техники и бои кои сме сигурни дека ќе ви се допаднат. Без разлика дали сакате да и го вратите сјајот на постоечката боја или суптилно да се поиграте со прамените, во продолжение прочитајте кои ќе бидат кои ќе бидат најпопуларните нијанси (и трендови) во периодот што следува.
Blorange
Покрај платинестите нијанси, оваа сезона русокосите девојки можат да се опуштат и во авантурата наречена blorange. Имено станува збор за неверојатно интересен спој на класична руса боја и нежни пастелни нијанси на портокалова кои го создаваат овој тренд кој веќе освои многу девојки подготвени за експериментирање со неочекувани и смели комбинации.
Подеднакво популарна е и розовата верзија на овој тренд попозната како strawberry blonde нијанса која ќе ги освои сите ИТ девојки.
Премини на следната страна >>