Диети

Ви ја претставуваме популарната „VB6“ диета

Реклама
Реклама

„VB6“ диетата е скратеница за „Хранете се како вегани пред 6 часот“, а го означува новиот тренд во начинот на исхрана кој не само што помага да се изгубат вишокот килограми, туку и да се подобри здравјето и квалитетот на животот.

Маркетинг

Станува збор за диета која е вистински хит во Америка и која е вистинско освежување по голем број диети кои се многу слични меѓу себе. Во „VB6“ диетата (eat vegan before 6pm) до 18 часот можете да јадете намирници кои во исхраната ја конзумираат само веганите.

Тоа значи дека до 18 часот можете да јадете свежо овошје, зеленчук  житарици и тоа во количини кои ви одговараат.

Авторите на оваа диета препорачуваат 6 помали оброци кои се богати со зеленчук и тоа по можност да биде свеж. Термички необработеното овошје и зеленчук најверојатно спаѓа во најздрава храна, а во Америка, па и во нашата секојдневна исхрана, застапено е многу малце.

Маркетинг

Свежо цедени сокови, салати со семки, пиреи, шампиљони и други печурки, махунарки, лешници, абдеми, ореви… зерем сето ова е малку за да се најадете? Сепак, според авторите треба да бидете селективни. Треба да се користат само квалитетни намирници и пред се да се посвети внимание на квалитетот, а не на количината.

По 18 часот авторите на оваа диета дозволуваат да се прочистувате со месо и млечни производи. Секако дека и тие треба да бидат со одреден квалитет, со помал процент на маснотии, а месото подготвено на прав начин – печено на скара или варено. Количините на овие намирници можат да бидат и поголеми од вообичаените, но повторно треба да се мисли на квалитет, а не на квантитет.

Оваа диета е одличен начин за да внесете поголеми количини овошје и зеленчук во организмот, а притоа да го намалите внесувањето на млекото и месото и потполно да се откажете од нивните нездрави варијанти.

Оваа диета ја препорачуваме како нов пристап кон здравата храна и како добар начин да се решите од вишокот килограми.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button