Реклама
Наши ѕвезди

Поповиќ на овој фолк-пејач од Македонија му беше кум?! Скршен од болка, се огласи и ги растажи сите

„Изгубив пријател и кум кого многу го сакав, тој мене ми беше кум на венчавката“, вели пејачот

Реклама

Ова речиси никој не го знаеше

Легендарниот фолк-пејач со потекло од Македонија е во кумство со естрадниот маг Саша Поповиќ, а  неодамна за медиумите откри и како се запознале пред четириесет и повеќе години.

„Јас него го запознав во 1982 година. Прекрасен човек, на сите им беше пријател, вистински пријател, јас изгубив пријател и кум кого многу го сакав, тој мене ми беше кум на венчавката“.

Маркетинг

„Ние со години се дружевме, се боревме заедно, ова е голем загуба за музиката, тој на овие млади им беше отскочна штица, секој што се бореше и кој заслужуваше тој му помагаше“, вели познатиот фолк-пејач, а овие информации за него малкумина ги знаеја.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Станува збор за Јашар Ахмедовски, кој потоа додаде дека Сузана ја запознал пред да го сретне Поповиќ и дека се дружеле со неа.

Маркетинг

Инстаграм/ Јашар Ахмедовски

По смртта на Поповиќ, Јашар сподели заедничка фотографија со Поповиќ, а под истата го напипа следново.

„Кум и пријател“, пишува во описот на фотографијата.

Инстаграм/ Јашар Ахмедовски

Потсетуваме, Јашар Ахмедовски е роден во селото Пласница во близина на Кичево и Прилеп. Тој во родното место ќе го заврши основното образование, а ќе расте заедно со неговите четворица браќа и една сестра – Ава, Руждија, Муфит и Ипче.

И како што самиот откри во една пригода, имал среќно детство, а потекнува од богато семејство од овие области.

Инстаграм/ Јашар Ахмедовски

Неговиот татко бил лекар, па сакал и неговиот син да се запише во медицинското средно училиште во Скопје.

Но Јашар го убедил да го испрати во Сараево, каде во тоа време имало популарна и голема музичка сцена, па компромисот бил да замине во овој град, но сепак да се запише на медицина.

Тука започнуваат и првите допири на Јашар со музиката, а од 1982 година е со сопругата Снежана која е љубовта на неговиот живот.

Повеќе за љубовниот живот на Јашар прочитајте тука...

Бонус видео

Животот на Поповиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button