Реклама
Новости

Поповиќ ја замолил Карлеуша да не доаѓа на погребот – пејачката откри детаљ што ги растажи сите

Откри непознати детали од односот со Поповиќ

Реклама

Пејачката Јелена Карлеуша гостуваше во една емисија во која зборуваше за последната средба со Саша Поповиќ.

Таа во емисијата зборуваше и за пејачот Шабан Шаулиќ, односно откри зошто не дошла на неговиот погреб.

Карлеуша објасни и зошто на погребот на Поповиќ се дистанцирала од сите и седнала покрај гробот на својата мајка. И како што самата откри, таа била во шок кога видела дека Поповиќ ќе биде погребан само едно гробно место подалеку од нејзината мајка.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутуб

„Морав малку да се изолирам. Не сакам да сум опкружена со пејачи, бидејќи чувствувам една тензија, енергија, па седнав кај Дивна“, вели таа.

Маркетинг

Пејачката потоа зборуваше за тоа како Поповиќ и подал рака кога и било најтешко во животот, па за да му врати дала сé од себе во „Ѕвездите на Гранд“ и секогаш кога гледаноста паѓала, таа барала начин како да направи нешто уште поинтересно, па дури и на штета за самата себеси и на штета на нејзината музичка кариера.

Инстаграм/ ЈК

„Јас му се одолжив така што шест години работев без динар и давав 300 отсто од самата себеси. Ја влечев целата приказна и често на моја штета, бидејќи кога ќе видам дека гледаноста паѓа знаев да бидам и поостра отколку што сум“, вели пејачката во „Старс-специјал“ на „Курир“ телевизија.

Таа потоа додаде и дека Поповиќ заедно со неговата сопруга биле први што дошле да и изразат сочувство по смртта на нејзината мајка, дека биле на нејзиниот погреб, но и дека и понудил финансиска помош кога и било најтешко и дека тоа нема никогаш да му го заборави.

Принтскрин/ Јутуб

Таа пота раскажа и една потресна случка помеѓу него и Поповиќ, која се случила неколку месеци пред неговата смрт.

Принтскрин/ Јутуб

И како што открива Карлеуша, Поповиќ веќе изгледал лошо, па таа дошла кај него да се поздрави иако во тој момент не зборувале.

И како што открива Карлеуша, Поповиќ и неговата сопруга малку биле збунети кога ја виделе, но тогаш Поповиќ и кажал:

„Јецо, зар мислиш дека ќе умрам, а да не се видиме никогаш повеќе“, по што пејачката му кажала да не зборува такви работи и дека ќе се гледаат уште многу, но и дека уште многу пати ќе се расправаат.

„Нема јас и ти веќе никогаш да се скараме“, и кажал Поповиќ, и како што вели таа, следниот пат дошла на неговиот погреб.

Потоа на пејачката и беше пуштена снимка на која Шабан Шаулиќ пее нејзина песна, а таа објасни дека токму Поповиќ ја замолил да не доаѓа на погребот на легендарниот пејач и таа решила да го послуша.

„Тоа се случи сред хаосот во 2019, со оние страшни слики… Мене всушност Саша Поповиќ ми се јави и ми кажа дека не би било паметно да дојдам на неговиот погреб и ми кажа.. Јас не дојдов заради целата ситуација, за да не се свртува вниманието во таа насока, многу негативна и навистина ми е жал што не бев да го испратам“, изјави Карлеуша.

Бонус видео

Карлеуша во солзи заради Поповиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button