Реклама
Новости

Поповиќ го исфрли овој пејач од Гранд – причината сите ги шокираше! Ваков грев и денес не простуваат

И додека nа едни „Ѕвездите на Гранд“ им отворија многу врати во животот, за жал на некои од нив, заради нивното неискуство или неблагодарност кон продукцијата, Саша Поповиќ им ги затвори вратите на „Гранд“.

Реклама

Многу големи музики ѕвезди популарни во целиот регион се прославиле преку натпреварот во шоуто „Ѕвездите на Гранд“.

Но некои од нив не ја продолжиле соработката со продукцијата, па така од разни ситуации го раскинале договорот со „Гранд“.

Од овие причини а некои од овие пејачи вратата на „Гранд“ им е затворена, иако тие се прославиле токму благодарение на ова шоу.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутуб, РТС

Еден од нив е пејачот Ренато Хенц кој беше исфрлен од Саша Поповиќ бидејќи го прекршил едно од основните правила во договорот што го имал со продукцијата. Овој пејач беше финалист во третата сезона од овој натпревар и неколку години снимаше песни за оваа дискографска куќа, но во еден момент се случи нешто потполно неочекувано и заврши неговата приказна со „Гранд“.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутуб, РТС

Тогаш јавноста беше во шок кога се дозна дека Ренато е исфрлен од „Гранд“, но никој точно не ја знаеше причината.

Пејачот самиот во една пригода објасни како дошло до раскинување на договорот и зошто повеќе не соработува со Поповиќ.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

И како што истакна Ренато тогаш, еден негов настап тој не го пријавил кај Саша и Жика Јакшиќ, а тие дознале за тоа.

И бидејќи уредбите во договорот што го имал потпишано со „Гранд“ се строги и не смеат да не се почитуваат, следуваат и големи пенали. И како што Ренато објасни тогаш, на Поповиќ му кажал дека мора да пее за да го прехрани своето семејство, а договорот, наводно, само му ја отежнал работата.

„Знам што е шоубизнис и на што инсистираа Саша и Жика пред десетина години, ама јас сум народски пејач и единствено во животот што знам да го работам е да пеам“, откри пејачот во една пригода.

„Снаодлив си ти, не се грижам јас за тебе“, му кажал тогаш Саша на Ренато, кој од тој момент продолжил самостојно со својата карира.

Инстаграм/ Милан Станковиќ

Инаку, покрај Ренато Ханц и на многу други пејачи кои беа дел од првите сезони во „Ѕвездите на Гранд“ и н кои многумина им предвидуваа блескава музичка кариера, сепак тие се тек на време исчезнаа и речиси воопшто не се присутни во медиумите.

Од друга страна постојат и пејачи кои и покрај тоа што го раскинале договорот успеале да опстојат и сега се големи ѕвезди. Еден од нив е и Милан Станковиќ кој самоиницијативно решил да го раскине договорот со Гранд по учеството на Евровизија во 2010 година.

Инстаграм/ Милан Станковиќ

И покрај тоа што Поповиќ се обидел да го разубеди, Милан без да сака да му ја открие причината, го раскинал договорот.

Пејачот за тоа секако дека дал огромна сума на пари, бидејќи договорот може да се раскине само по клаузула да плати, објасни Поповиќ за српскиот „Курир“ во една пригода, така што на секои шест месеци плаќал по 10.000 евра, и тоа не тој, туку Рада Манојловиќ, така што договорот бил раскинат откако Рада платила 50.000 евра за него.

Инстаграм/ Милан Станковиќ

И како што објасни Поповиќ во една пригода, тој ни ден-денес не знае зошто Милан решил да го раскине договорот.

„Кога на некој ќе му дадете таква популарност низ ‘Ѕвездите на Гранд’, како што ние му ја дадовме нему, кога ќе му дадете комплетен албум со 8 песни, огромна реклама, можност да оди на Евровизија… Тоа Гранд му го овозможи, бидејќи Жика и јас разговаравме со Бреговиќ тој да биде еден од трите песни што Бреговиќ ги правеше. Знаевме дека тој и по СМС ќе победи. И кога сето тоа ќе му го дадете и кога ќе му подготвите нов албум, кој во тоа време, пред 13 години, требаше да чини околу 100.000 евра, тогаш навистина не разбирам што беше во неговата глава што го предомисли и зошто донесе одлука да го раскине договорот“, откри Поповиќ во една пригода за српскиот портал „Блиц“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button