Реклама
Celebrity

Поповиќ долго го мачела кашлица – не ни помислувал дека тоа е знак за рак

Кашлицата, особено ако е придружена со други симптоми како болка во стомакот, губење на тежина или проблеми со варењето, може да биде знак за сериозни здравствени проблеми кои бараат дополнителни испитувања.

Реклама

Смртта на Саша Поповиќ, познатиот музички продуцент и еден од основачите на „Гранд продукција“, сè уште предизвикува шок кај неговите пријатели, семејството и сите што го почитуваа неговиот лик и дело низ целиот регион.

Дејан Ќирковиќ Ќира, кој беше близок пријател и кум на Поповиќ, откри за српските медиуми дека единствениот симптом што Саша во еден момент го имал била кашлицата.

Иако на почетокот изгледало како безопасна тегоба, подоцна се покажало дека зад овој симптом се криела тешка болест.

Маркетинг

– Ние двајцата поминувавме многу време заедно. Човекот немаше ниту еден друг симптом освен кашлица, иако во тоа време и јас кашлав – изјави Ќира за српските медиуми.

Како што откри, и самиот во еден момент се загрижил поради истиот симптом.

Маркетинг

– Неверојатно е што направи магнетна резонанца, а таму ништо не покажа дека има карцином. Размислував и јас да го направам тој преглед, но кога слушнав дека трае еден час, се откажав. Дури и го прашав: „Што правеше ти таму внатре цел еден час?“ – се присети Ќира во интервју за „Блиц“.

Саша Поповиќ ја дознал дијагнозата дури откако, по три недели, отишол да го извади гипсот од ногата, а лекарите забележале дека фрактурата не му зараснала. Тогаш сè станало јасно, но болеста веќе била во напредна фаза и, за жал, немало спас.

Иако кашлицата обично не е прв симптом на рак на желудник или малигнен тумор на кој било орган од гастроинтестиналниот тракт, овој знак може да биде поврзан со ширење на ракот на белите дробови или други органи.

Основните симптоми на рак на желудник, кои во повеќето случаи се тешко препознатливи, вклучуваат:

болки во стомакот

подригнување

крв во столицата

повраќање

неосновано губење на тежина

губење на апетит

тешкотии при голтање

замор

гадење

отекување или надуеност на абдоменот

– Меѓутоа, лицата со рак на желудник може да имаат и други симптоми поврзани со специфичната област каде што се проширил ракот. На пример, ако ракот се прошири на белите дробови, може да предизвика недостаток на здив, отежнато дишење или постојана кашлица. Ако се прошири на црниот дроб, може да се појави жолтица – се наведува на порталот на Центарот за рак „Мофит“ (Moffitt Cancer Center).

Кашлицата, особено ако е придружена со други симптоми како болка во стомакот, губење на тежина или проблеми со варењето, може да биде знак за сериозни здравствени проблеми кои бараат дополнителни испитувања.

Случајот со Саша Поповиќ нè потсетува на важноста од внимателност кон сопственото здравје и потребата од редовни лекарски прегледи, дури и кога симптомите изгледаат безопасно. Ако забележите необјаснета кашлица, особено ако е придружена со други симптоми, важно е да се консултирате со лекар за понатамошни прегледи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button