Поповиќ бил во шок од она што му го кажала Баба Ванѓа – нејзините зборови и денес не ги заборава (видео)
Поповиќ оваа средба нема никогаш да ја заборави...
Познатиот музичар и поранешен директор на „Гранд“, Саша Поповиќ, во една пригода раскажа што му кажала Баба Ванѓа.
И како што самиот откри тогаш, сé што му кажала оваа видовита жена тогаш со години подоцна навистина му се случило.
Имено, Поповиќ кој јавноста најмногу го знае како дел од легендарната група на познатата фолк-пејачка Лепа Брена, но и како прв човек во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, при едно гостување во емисијата „Сценирање“, раскажа што сé му кажала Ванѓа.
Принтскрин/ Јутуб
Тој во младоста имал проблеми со брунки на лицето кои му преставувале голем проблем и кои многу тешко ги лечел.
И кога ја посетил баба Ванѓа, имал 37 години, а таа веднаш му се обратила со следните зборови што го шокирале:
„Тие брунки што ги имаш…“
Поповиќ кога го слушнал ова бил во шок, прво – затоа што таа била слепа, но и затоа што навистина му преставувале проблем.
„Тие брунки што ги имаш, тие полека ќе исчезнат кога ќе ти се роди ќерка. Всушност не кажа ќерка, туку дете. Тоа се ќе премине на неа. И мојата Александра навистина го имаше тој проблем и исто тоа го лечеше. И фала му на Господ, сега уште малку ќе наполни 24 години и сето тоа ќе се среди. Одвај го излечи тоа“, се присети Поповиќ тогаш на оваа необична средба со Баба Ванѓа.
Тој тогаш раскажа дека пред да ја посетат јасновитката, вечерта, кај него и Лепа Брена дошла една жена и им донела на секој од нив по две коцки шеќер. Им кажала да ги стават под перница во текот на вечерта, а утредента да и ги дадат на Баба Ванѓа. Тие така и направиле, а Ванѓа наводно погодила колку години имал, дека татко му загинал во сообраќајна несреќа, но и дека неговата мајка повеќе не пали свеќа за нивната слава, изјави тогаш Поповиќ.
Принтскрин/ Јутуб
Инаку, овој настан се случил кога Поповиќ задно со Лепа Брена биле на турнеја во Бугарија, каде тогаш живееше Баба Ванѓа.
Во една пригода и Брена раскажа што и кажала јасновитката, но и дека се што го слушнала тогаш потоа и навистина се случило.
„А ти ли си Лепа Брена? Пред пет години напишав во мојата книга дека ќе се појавиш ти и дека ќе слеташ од небото. Жена со сребрено- руса коса и дека народот во Бугарија ќе те сака како свој. Ќе се омажиш за човек што ќе носи бела униформа. Ќе направиш и голема куќа каде сите кои пеат и свират ќе бидат заедно, а ќе раѓаш само машки деца, нема да имаш девојчиња. Во зрели години ќе правиш фантастични работи“ и кажала Баба Ванѓа тогаш на познатата фолк-пејачка и сé што ѝ кажала по многу години навистина и сé случило.
Принтскрин/ Јутуб
„На почетокот не и верував, но потоа сфатив дек сé е вистина што зборува“, изјави Лепа Брена во емисијата „Амиџи шоу“.