Поpaсна минималниот износ за К-15 – Еве колку денари ќе ви легнат на сметка до крајот на 2025 година

Крајот на годината е законскиот рок кога фирмите и работодавачите имаат обврска да исплатат регрес за годишен одмор, популарно наречен К-15.
Според Законот, право на регрес има секој вработен со најмалку шест месеци непрекинат стаж кај работодавецот, без разлика разлика на тоа дали е на определено или неопределено време.
Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачите, со потпишувањето на Спогодбата за измени и дополнување на ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството, во 2013 година го уредија правото на регрес за годишен одмор за вработените во приватниот сектор.
Регресот за годишен одмор е право воспоставено по пат на дијалог помеѓу претставниците на работниците, во конкретниот случај Сојузот на синдикатите на Македонија, и од претставниците на работодавачите – ОРМ, и со оглед на тоа што се работи за право уредено спогодбено со потпишување на колективен договор, очекувано е работодавачите целосно да ја исполнат обврската која доброволно ја презеле.
Во Македонија, оваа година сите вработени и во јавниот и во приватниот сектор, ќе добијат регрес за годишен одмор, попознат како К-15.
Од 1 јули, компаниите имаат зелено светло да исплаќаат К-15 за 2025 година, а законската обврска на работодавачите е да завршат до 31 декември. Најмалиот износ на кој по два месеца може да сметаат работниците од приватниот сектор, во моментот е 17.150 денари, колку што изнесуваат задолжителните 40 отсто од последна просечна тримесечна нето-плата во Македонија – 42.230 денари – статистички просек за периодот февруари-април годинава.
Доколку фирмите го исплатуваат подоцна од 1 јули, износот ќе се зголемува, бидејќи тој се утврдува според основицата што важи на денот на донесувањето на Одлуката за исплата.