Пред нас е уште една работна недела. Многумина понеделникот го доживуваат како стресен ден, бидејќи после релаксираниот викенд, повторно се враќаме на работните обврски… Но, доколку веруваме, работите може да се променат. Ако се молиме ќе научиме да се опуштиме и работите нема да ги доживуваме со толкава доза на стрес. Важно е да запаметиме дека секогаш постојат обврски кои треба да бидат завршени, но на нас останува да си го чуваме здравјето и да се грижиме за себе. Да се помолиме со овие кратки молитви за успешна работа.
Молитва за пред работа
Господи Исусе Христе, Сине Единороден на беспочетниот Твој Отец, Ти си рекол со Твојата пречиста уста: Без Мене не можете да правите ништо. Господи мој, со вера го примам ова што си го рекол. Ти се молам, помогни ми започнатото дело успешно да го завршам, во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух. Амин.
Молитва за после работа
Христе мој, Ти си исполнување на сите мои желби, исполни ја со радост и веселба мојата душа и спаси ме, зашто си многумилостив.
Со молитвите самите себеси си даваме сила за да продолжиме понатаму да ги совладуваме препреките.