Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Страдањето е дел од животот, но помолете се со оваа молитва за да си олеснете себеси

Реклама

Нема човек кој не страда, на еден или на друг начин. Во тие времиња на страдање и маки, помолете се со оваа молитва која ќе ви ги ублажи вашите рани и ќе ви даде мир и утеха.

ФОТО: videohive.net

Праведен, Долготрпелив и Многумилослив Боже, Ти си ми ги испратил овие страдања затоа што ме сакаш. Ти не’ рануваш и ги преврзуваш раните, Ти унижуваш и Ти подигаш, ги казнуваш своите чеда, но на смрт не ги предаваш. Оче небесни, за пример на трпение ни Го даде Својот сакан Син и си ми заповедал да го следам Неговиот пример. Поткрепи ме да одам по Него и по патот на тагата, за да влезам во Царството Небесно.

Не дозволувај искушенијата да го истргнат Твоето Слово од моето срце, да ја ослабнат мојата вера, да ја задушат мојата молитва, да ја предизвикаат во мене нетрпеливоста и да ме натераат да негодувам против Тебе. Не оптоварувај ме со големи страдања. Спомни си дека сум прав и пепел. Поткрепи ги моите ослабени раце и засили ги моите растреперени колена. Твојата волја е да страдам и да бидам нажален, но дарувај ми да бидам трпелив и укрепи ме да го победам злото.

Маркетинг

Претвори ја мојата тага во радост, моите страдања овенчај ги со чест, и мојата унизеност – со слава, зашто Ти си единствената поткрепа и сила на изморените, Ти си сила на слабите, Ти си пристаниште на оние што се во бура, Тебе те прославувам во вечни векови.

Амин.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button