Реклама
Шопинг

Ова е единствениот фустан што ќе ви биде потребен ова лето

Реклама

Ова е оној „вистинскиот“ за вас!

Фустаните најмногу треба да ги носиме преку летната сезона!

Маркетинг

Тие се лежерни и крајно практични за деновите кога температурите се високи, и притоа совршено стојат на секоја девојка и подеднакво добро изгледаат како во дневни, така и во вечерни часови. Особено кога ќе го најдете оној „вистинскиот“ што ви стои фантастично.

Најсимпатичните (и најевтините) летни фустани во продавниците низ Македонија >>

Маркетинг

Па, доколку овие денови и вие пребарувавте на Инстаграм сигурно сте забележале токму еден таков модел, кој може да ги задоволи сите овие критериуми и кој во моментот важи за еден од најпопуларните на оваа социјална мрежа. Станува збор за фустан со отворени раменици и во страсна црвена боја, со разиграни бели цветови, асиметричен крој и карнери кои додаваат доза на елеганција и женственост. Моделот е долг, но тоа воопшто не преставува проблем бидејќи по целата должина има копчиња со кои можете да го менувате отворите според желбите (и температурите), а како што можете да видите и од фотографиите што следуваат кројот им стои убаво на жени со најразлична градба на тело.

Најдоброто е во тоа што воопшто не станува збор за некој скап модел, туку за фустан од познатиот британски комерцијален бренд Topshop кој можете да го порачате и од нивната онлајн продавница и тоа за цена од околу 4000 денари.

Па, дали ви се допаѓа овој модел?

Романтични блузи кои се совршени за топлите летни денови >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button