Помалата ќерка на Маја и Дарко Панчеви со оваа снимка ги изненади сите – иста како мама на млади години
Иста како мама, само бојата на косата им е различна...

Наследничката на Маја и Дарко ги изненади сите
Ќерката на Маја и Дарко Панчеви, Марија Панчева, сподели неколку снимки со кои ги воодушеви сите на социјалните мрежи.
Имено, помладата наследничка на познатиот пар која веќе некое време успешно се занимава со манекенство, овој пат се снимаше во огледалото, а многумина веднаш забележаа дека многу личи на својата мајка.
Имено, Марија неверојатно потсетува на Маја во нејзините помлади години, за што сведочат и нејзините следни фотографии.
Инстаграм/ Марија Панчева
Потсетуваме, Марија минатата година беше матурантка, додека нејзината постара сестра Надица претходната недела наполни 25 години.
Фејсбук/ Маја Панчева
Тие и двете се млади дами кои пленат со својата скромност, а нивните родители се горди што тие пораснаа во прекрасни девојки.
Инстаграм/ Марија Панчева
Колку се поврзани покажува и тоа што и денес често можеме да ги видиме сите заедно во јавност, а под секоја нивна заедничка фотографија секогаш следуваат бројни комплименти и позитивни коментари.
Фејсбук/ Маја Панчева
Овој пат тема на социјалните мрежи е сличноста на помалата ќерка со Маја, но и на постарата, посебно кога ќе се споредат фотографии од оние од младоста на пејачката, кога била на слични години со нив.
Инстаграм/ Надица Панчева
Повеќе од очигледно е дека и Марија и Надица ја наследиле убавината, но и харизмата од својата мајка, а коментарите само потврдуваат колку Панчев е среќен човек што ги има овие три убавици покрај себе.