
За многу девојки доаѓањето на Reserved во Македонија беше огромна радост. Овој полски бренд нуди навистина пристапни цени, а висок квалитет.

– Јас купувам само од Reserved, веќе подолго време. Се што сум купила сум го изнаносела за сите пари. Задоволна сум од квалитетот, а и цените им се одлични. Кога имаат попуст трчам да бидам меѓу првите – вели една млада девојка која што ја сретнавме во продавницата.
Поразговаравме и со други девојки кои ни кажаа дека се редовни муштерики и дека се многу задоволни од производите.
– Со душа го чекам попустот овде, бидејќи не сум од оние кои сакаат да купуваат долго и да шетаат по продавници, јас секогаш си наоѓам се овде. Имаат навистина актуелни, модерни парчиња за одлични цени. Од глава до пети сум во Resеrved – се смее Сања од Скопје.
И нашата обиколка ни го потврди тоа. Имаше што да се види, попусти на сите страни, неколку штандови до 1000 денари со многу убави модели. Јакни и за 700 денари.

Доколку ви требаат џемпери имаат избор во изобилство во сите бои и тонови. Исто така и чизми и патики од анјнова мода на попуст.

Направивме видеа и фотографии за вас за да ви ја пренсеме сликата најмногу што можеме, а вие самите одлучете дали вреди да се прошетате до овој бутик.















