Во 2006 година, на 72 години Софија Лорен позираше за календарот на Пирели и со тоа стана најстариот модел на Пирели на сите времиња.
Таа е позната по својата убавина и шарм, а посебно впечатлива е нејзината тенка половина. Еве како да ја обликувате половината со помош на нејзиниот проверен метод.
Софија Лорен и на поодминати години може да се пофали со одлична половина на која многумина и се воодушевуваат и завидуваат. Мораме да признаеме, ваква половина не може често да се забележи и кај многу од нејзините помлади колешки кои трошат многу пари и време на грижата за својата убавина.
Софија Лорен е најстариот модел што некогаш позирал за Пирели, во 2006, на нејзини 72 години. Денес оваа прекрасна дама има 80 години, но изгледа барем десет години помладо.
Нејзиниот изглед се должи на генетиката но и на постојаната грижа. Таа секој ден вежба вежби за стомачни мускули по 45 минути, а прави и вежби за истегнување, а потоа еден час оди.
Како се прави вежбата за половина на Софија Лорен?
Седнете на подот, свиткајте ги колената, а стапалата нека лежат рамно на подот. Потпрете се на лактите. Потпрете го свитканиот грб на подот и истовремено затегнете ги стомачните мускули. Правете ги „стомачните“ така што ќе го свиткате торзото нагоре и кон левата нога, подигнувајќи ги двете раце фатете го левиот колк. Повторувајте 12 до 15 пати – почнете лево, а потоа спуштете се малку наназад со свиткан грб. Повторете на другата страна.
Извор: Stil