„Полошо име не можела да му даде” – пријателите згрозени, семејството се крсти од шок, велат дека го уништила синот!
„Ужасно име“, „Кутрото дете ќе мора да живее со тоа име до крајот на животот“..., се само некои од негативните реакции на името

И додека некои се одлучуваат за популарни или традиционални имена, други сакаат нивното дете да носи име кое е уникатно и посебно.
Сепак, треба да се биде внимателен и да не се претерува, бидејќи името е нешто што може да го обележи животот на детето. Но, ова како да не ја загрижило младата мајка Британи Дејвисон, која му дала име на својот син Seven Simba (анг. seven – седум).
@adacometbritt
Британи е популарна на Тик-ток и токму на таа социјална мрежа е најмногу критикувана за името што му го дала на своето дете.
Британи признава дека размислувала и за промена на името на детето, но се откажала. Вели дека ќе му дозволи на својот син да си го смени името, ако му се не му се допаѓа кога ќе порасне.
„Седум е значаен број во нашите животи, па затоа тоа ни имаше смисла. Може да го смени името, еден ден кога ќе порасне!” – вели таа.

Британи објасни како дошло до тоа нејзиниот син да носи необично име. А Симба, инаку, е име дадено по кралот лав од истоимениот филм, бидејќи смета дека така ќе му ја пренесе судбината, да биде успешен и силен.
Но, сите нејзини пријатели се згрозени, и како што самата вели, семејството се крсти од шок, бидејќи мислат дека го уништила детето со самото име, и дека другарите во училиште сигурно ќе го исмеваат заради името.
И покрај тоа, таа сепак не отстапува од својата желба и детенцетос се вика Севен Симба!
На социјалните мрежи следуваше лавина коментари.
„Нема шанси твоето дете да се вика Седум Симба?!“, „Мораш да се шегуваш. Дали е тоа сериозно?“, „Ужасно име“, „Кутрото дете ќе мора да живее со тоа име до крајот на животот“…, се само некои од негативните реакции на името Севен Симба.