Како до полни усни по природен пат – генијален трик што го пробавме и се воодушевивме
Кејт Синот позната мејкап артистка ни откри одличен трик со кој нашите дехидрирани и суви усни ќе изгледаат многу поживо и поубаво.
Веќе ни е познато дека многу производи кои се специјализирани за одредена намена можеме да ги користиме и за некои други цели. Сите знаеме дека со крема за раце можеме да поминете низ косата или руменилото да го нанесеме на очните капаци. Но и покрај тоа овој трик е потполно нов во бјути рутината и се уште не е дел од „магијата“ на многу познати мејк-ап артисти. Имено, станува збор за крема која што ја користиме за подрачјето околу очи и која можеме да ја нанесеме на врвот од усните и на тој начин да ја хидратизираме (исто како и на подрачјето околу очите бидејќи кожата на работ од усните е исто така тенка и чувствителна). Покрај кремот за околу очи можете да користите и хранлив балсам за усни (збогатен со бадемово масло или со „shea“), а третманот најдобро е да го правите како што ја користите маската за лице, односно да оставите преку ноќ да делува, а потоа кога ќе се разбудите, па дури и во најстудените денови, вашата уста ќе биде мека и сочна и ќе изгледа многу поубаво.
Кејт оваа тајна ја применува на своите клиентки (познати и славни девојки, но и на невестите). Таа додава дека и оваа бјути рутина ја користи и пред нанесување на кармин бидејќи на тој начин подобро се апсорбира. Таа потсетува и дека за хидратација на усните одлична е хијалуронската киселина па би било згодно за нега на устата да користите производи што ја содржат истата состојка. Со нив ќе ја одржувате кожата хидратизирана дури и до илјада пати повеќе од производите што немаат таква состојка.