Рецепти

Полнети пиперки со авокадо, песто и Red Hot Chili Peppers

Реклама
Реклама

За време на топлите летни денови, благите пиперки се вистинско освежување, а начинот на нивна подготовка може да биде различен.

receptche1

За љубителите на свежи состојки и лесни и брзи рецепти, овие пиперки, полнети со авокадо и песто (вид италијански сос), сигурно се одлично решение.

Маркетинг

Начин на подготовка:

Од пиперките отстранете ги дршките и потоа низ отворот исчистете ги од семки. Потоа во сад, со виљушка или пак во блендер, измешајте го авокадото и пестото се додека не добиете кремаста смеса. Додајте малку сол.

Маркетинг

Земете готварско ќесе, направете мала дупка на ќошето, па наполнете ја со смесата од авокадо и песто. Кремот од ќесето нанесете го низ отворот во подготвените пиперки. Вкусните полнети пиперки послужете ги како предјадење или како прилог со главното јадење. 

 Потребни состојки:

10 мали благи пиперки

2 парчиња зрело авокадо

2 лажици песто.



И секако, не заборавајте на вашите пријатели, кои можеби во моментот не се со вас, но сигурно би сакале да го пробаат овој прекрасен рецепт.. и тоа само во друштво на добра и тивка музика. Па, свртете некој телефон и повикајте некој од вашите пријатели. Од нив нека биде пијалакот, а од вас ручекот…

{youtube}lwlogyj7nFE{/youtube}

Пријатен апетит …

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button