Полна со љубов, но и со детали што оставаат без здив – погледнете ја луксузната куќа на Дарко Панчев
Еден детаљ е посебен, ќе го забележите...
Еве каде живее Панчев со своите три принцези
Целата куќа изгледа како вила од соништата и се наоѓа во населбата Водно, во еден од најелитните делови во Скопје.
Куќата на една од нашите најголеми фудбалски легенди, Дарко Панчев, во која тој живее со сопругата и нивните две ќерки, е една мала вистинска оаза која зрачи со топлина и е исполнета со љубов.
Дарко и Маја очигледно вложиле многу труд во нивниот дом за да во него цело семејство се чувствува како во рајот.
Принтскрин/ Јутјуб
И ако судиме од фотографиите од што одвреме-навреме знаат да се појават на социјалните мрежи благодарение на членовите на семејството, може да се забележи дека куќата е со голем двор, опкружен со висока ограда и раскошно зеленило, така што тука уживаат најмногу во текот на летните месеци.
Во дворот има и голем базен каде цело семејство се разладува кога е топло, кој е опкружен со зеленило кое му дава посебен шарм на местото.
Инстаграм
Покрај зеленилото, цвеќето и огромниот базен тука е и летната кујна со скара, а на ова место најмногу ужива и нивниот домашен миленик.
Внатрешноста од куќата исто така зрачи со топлина, а на ѕидовите можат да се забележат најразлични украси, фотографии, па дури и скулптури како и раскошниот камин што оставаат посебен впечаток.
Принтскрин/ Јутјуб
Како што самиот Панчев во една пригода откри, Маја била ангажирана околу ентериерот додека целосниот изглед е на познат архитект.
Инстаграм
Во трпезаријата преовладува огромната дрвена маса, а од дрвениот дизајнерски мебел преовладува и во другите делови.
На покривот од куќата може да се забележи дека има огромна покриена тераса, а поприлично големи се и собите на нивните ќерки.
Инстаграм
Имено, Надица често споделува фотографии направени пред огледалото во нејзината соба кое на оваа млада прекрасна дама очигледно и е едно од омилените места за фотографирање.
Инстаграм
Принцезите на Панчев
Потсетуваме, Марија, помалата ќерка на Дарко и Маја, неодамна се појави на Модниот викенд во Скопје и ги воодушеви сите.
Инстаграм
Таа пред неколку години ја започна својата карира како модел, а ова година славеше матура и беше преубава матурантка.
Инстаграм
Како изгледаат и наследничките на Маја и Дарко, кои очигледно го наследиле најубавото од нивните родители, погледнете во продолжение.
Инстаграм
Како што самиот Панчев во една пригода откри, Маја била ангажирана околу ентериерот додека целосниот изглед е на познат архитект.
Инстаграм
Потсетуваме, Маја и Дарко се венчаа во април 2000 година, а се запознале во едно кафуле каде што Маја во тоа време настапуваше, по иницијатива на Панчев.
И како што самата Маја во една пригода откри, откако нивната врска станала посериозна тие решиле да стапат во брак затоа што сфатиле дека се како создадени еден за друг.
Инстаграм
По некое време следува и круната на нивната љубов – ќерките Надица и Марија кои се нивното најголемо богатство.