CelebrityНаши ѕвезди

Полиција го сопрела шеф Никола од „Брза кујна“ поради ножеви во гепекот – Готвачот ја откри необичната ситуација

Advertisement

Познатиот готвач Никола Мишковски од шоуто „Брза кујна“ откри необична случка од секојдневието – полиција го сопрела во Скопје и направила претрес на неговото возило, откако самиот им кажал дека во гепекот носи ножеви.

Неговата приказна беше споделена во подкастот „Биди свој“, каде што гостуваше заедно со шеф Кирил Иванов.

Advertisement

Мишковски рече дека ножевите се негово секојдневие и професионална алатка без која не заминува никаде.

„Јас без нож, дефинитивно, не можам. Тоа ми е окупација, пасија, купувам цело време ножеви. Во кола имам сега сигурно десет“, изјави тој.

Ситуацијата станала необична кога интервентната полиција го сопрела на рација.

„Со фантомки доаѓаат и ме прашуваат дали имам нешто да пријавам во гепек. Им велам дека имам ножеви. ‘Иии, ножеви?!’ Им објаснувам дека сум готвач, ама додека да сфатат кој сум… Отвараат – вистина ножеви. Јас ги имам спакувано како што треба, тоа ми е алат како на мајстор што работи со штрафцигер“, раскажа Никола.

Готвачот откри и детали од професијата, додавајќи дека работата во кујна често е тензична и исцрпувачка.

„Можам да издвојам еден куп моменти каде што сфаќам зошто мажите и жените тешко ја издржуваат оваа професија. Во кујната е дефинитивно тензично. Не знаете како е пред Нова година, има премногу работа“, додаде Мишковски.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button