Секоја девојка ќе се согласи дека вадењето шминка е најдосадниот момент од целиот процес.
Секоја девојка ќе се согласи дека вадењето шминка е најдосадниот момент од целиот процес. За таа цел многумина се служат со различни производи, а ние денес ви прикажуваме што можете да искористите за таа намена.
Гел за миење на лице
Ова е производ кој е дел од секојдневната нега на лицето, па е одличен и како одстранувач на шминка. Сепак, најдобро делува доколку шминката претходно ја имате симнато со некој препарат, а потоа остатоците темелно ќе ги отстраните со некој гел за миење на лице.
Двофазно средство за вадење на шминка
Овој тип на препарати со кои ја отстранувате шминката најчесто е наменет за вадење на шминка од очите, бидејќи маслата кои во себе ги содржат ваквите препарати ја негуваат областа околу очите која е доста нежна , а останатиот дел од лицето ќе го направат масно па потоа мора да употебите некој друг препарат,како тоник за лице или благ гел , со кои ќе ја отстраните дополнителната маснотија на лицето.
Млеко за вадење шминка
Ова е еден од моите омилени препарати за вадење на шминка. Поради својата текстура, овој тип на производи се доста нежни со кожата и не само што темелно ја отстрануваат шминката од лицето, туку истовремено и ја негуваат кожата па таа е нежна и мека.