Дом и семејство

Покрај јајца, на велигденската трпеза треба да се најдат и овие намирници – се верува дека носат радост и благосостојба во семејството

Покрај вапсани јајца, на масата задолжително треба да се најдат уште три намирници.

Advertisement

Велигден, празникот на Воскресението, односно на повторното раѓање, е поврзан со бројни убави обичаи, а некои од нив се однесуваат токму на велигденската трпеза.

Покрај шарените јајца, на масата задолжително треба да се најдат:

Advertisement

Леб и квасец

Лебот ја симболизира „храната за душата“, односно Исус Христос, кој рекол: „Јас сум лебот на животот“. Преку Христа, преку верата, ние ја храниме својата душа со добрина, надеж и благородност.

Квасецот, како составен дел од лебот, е симбол на небесното царство – „бидејќи од малку квасец, сето тесто нараснува“.

фото пекселс

Мед

На трпезата е важно да има и мед, бидејќи тој симболично ги претставува апостолите. Како што пчелите летаат од цвет на цвет, така и апостолите оделе од човек до човек, проповедајќи ја верата.

Advertisement

А сега, кога ви „откривме“ што сè треба да се најде на вашата празнична трпеза, да се потсетиме и на симболиката на јајцата.

Зошто се вапсаат јајцата?

Овој обичај не е исклучиво христијански – постоел и порано, кај античките народи, како и во еврејската традиција. Јајцата симболизираат нов живот. Тие традиционално се вапсаат на Велики четврток, иако во некои краеви тоа се прави и порано.

Првото јајце што се вапса треба да биде црвено – се верува дека тоа ќе го чува домот и семејството од сите несреќи, т.н. „јајце-чуваркуќа“, се чува до следниот Велигден.

На денот на Велигден, уште од рано наутро, членовите на семејството се чукаат со јајца, а и секој гостин што ќе влезе во домот, прво се нуди со јајце. Во некои традиции, вапсаните јајца симболизирале помирување, но и прикажување наклонетост при подарување.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button