Реклама
MAMAКафе муабет

Покажувајте љубов секојдневно, не треба да има посебен ден за тоа!

Реклама

Заљубеноста е едно од најубавите чувства кои можете да ги доживеете, а воедно не можете да го опишете.

ФОТО: dailymail.co.uk

Понекогаш не сме ни свесни дека љубовта почнува да се намалува, или пак почнуваме да ја занемаруваме со новите животни обврски кои ни доаѓаат. Затоа, многумина на љубовта се потсетуваат на 14-ти февруари, кој веќе и ние почнавме да го славиме како Денот на заљубените. Но, зошто да дозволите да се потсетувате на љубовта само еден ден во годината? Зар некој кој толку ви значи треба да ги почувствува вашите емоции само толку кратко?

Свестете се и не бидете дел од магичниот круг на секојдневните обврски, кои секако немаат крај. Покажувајте нежност секој ден. Покажете му на вашиот партнер колку ви значи и дека ви е мило што го поминувате заедно животот. Простувајте, смејте се, правете заеднички активности, отворете го вашето срце, плачете, смејте се, не кријте ги емоциите, бидете свои!

Маркетинг

Мислите, зборовите и делата поврзани со љубовта се најдрагоцениот подарок кој секојдневно треба да им го дарувате на вашите блиски. Но, за да ја надополните сета оваа магија, во продолжение ви прикажуваме и некои пораки со кои на вашите блиски можете да им ја соопштите вашата љубов и вашето внимание.

1. Без тебе мојот свет не е комплетен. Ти си причината за мојата насмевка, клучот за радост во моето срце. Остани секогаш покрај мене, заедно да ја градиме куќата на нашата љубов.

Маркетинг

2. Без твоите раце светот би ми изгледал постуден. Без твојот допир не би знаела што е љубов. Без твоите очи мојата душа ќе зрачи со студенило. Те сакам и се молам вечно да чекориме заедно низ животот.

3. Да сакаш некоја личност значи да го оставиш срцето пред неа и да знаеш дека сигурно ќе биде заштитено, чувано и негувано. Ти си личноста во која ја гледам мојата надеж за иднината. Љубовта моја кон тебе не познава граници. Те сакам.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button