Ова е многу лесен и брз начин за подготовка на похувани тиквички, со кој можете да додадете и сирење или некои други ситно исечкани состојки.
Состојки
2 поголеми тиквички (или 3 помали)
3 јајца
3 чешниња лук
50 гр. сирење (не е задолжително)
брашно
сол или зачин од сув зеленчук
свеж магданос
свежи зачински билки
Начин на подготовка
Излупете ги тиквичките (доколку се многу млади можете само да ги измиете) и исечете ги. Направете смеса од јајца и испасиран лук, исечкан свеж магданос и брашно (додадете го постепено). Смесата треба да биде малку погуста од смеса за палачинки. Додадете сол или зачин по вкус и изрендајте сирење (по желба). Потопете ги тиквичките во смесата и пржете ги на загреано масло. Свртете со поширока лопатка и кога ќе бидат готови изадете ги и ставете ги на хартија за да се исцеди вишокот маснотии. Украсете со свежи зачински билки.