А НЕ Е ТОЛКУ КОМПЛИЦИРАНО: Дури 75 проценти од возрасните сосема погрешно ги мијат забите
Иако забите редовно ги мијат, единствено секој десетти го прави тоа на правилен начин, покажува едно истражување на шведската академијапри Универзитетот во Гетеборг, спроведено на испитаници на возраст помеѓу 15 и 80 години.
Околу 75 отсто од луѓето на сосема погрешен начин ги мијат забите, додека најмногу грешатоние меѓу 35 и 44 години, покажува најновото истражување.
Луѓето најчесто грешат во времетраењето, честотата и количината паста, што доведува до таложење на бактерии и расипување. Причината за ова е техникатанаучена во детството, но и покрај тоа што знаат дека има нови и поефикасни, 80 отсто од луѓето се задоволни со она што го научиле од своите родители.
„Луѓето обично ги мијат забите бидејќи тоа е општествена норма и бидејќи на овој начин се чувствуваат свежи, а не за да спречат расипување на забите. Техниките за миење заби ги научиле од своите родители и не се откажуваат од истите иако знаат дека може и подобро“, вели авторката на истражувањето Пиа Габре.
Премини на следната страна >>