Отвори ја устата само ако она што ќе го кажеш е поубаво од тишината
Овие арапски поговорки се само дел од многуте мудрости поврзани со филозофската мисла, погледот кон светот и моралните вредности на арапскиот свет:

Една единствена грешка доведува до дупла несреќа.
Верувај во она што ќе го видиш, огради се од она што ќе го чуеш.
Прашај паталец, а не гаталец.
Со убав збор и добрина и слонот ќе можеш да го повлечеш за коса.
Отвори ја устата само ако она што ќе го кажеш е поубаво од тишината.
7. Ветрот дува спротивно од посакуваната насока на бродот.
Ако си наковалната, биди трпелив. Ако си чеканот, удри силно.
Ако ја победиш гордоста ќе станеш добар. Ако ја надминеш лутината ќе станеш весел. Ако ја надминеш страста ќе станеш успешен. Ако ја надминеш алчноста ќе станеш среќен.
Никој не може да управува со оној што не може да управува со самиот себе.
Ако се плашиш – не прави го тоа, ако веќе го правиш – немој да се плашиш!
Не отворај врата што не ќе можеш да ја затвориш.



