Home Sweet HomeНаши ѕвезди

Погледот од нејзината тераса вреди цело богатство – раскошниот дом на Хабиби ќе ве остава без здив

Колку навистина вреди еден ваков поглед?

Advertisement

Нашата познатата пејачка има успешна кариера, па благодарение на тоа може да си дозволи и живот на висока нога

Овие денови сите ги изненади новиот спот што Сузана Гавазова го сними со познатиот фолк-пејач Звонко Демировиќ

Advertisement

Песната веднаш привлече големо внимание и досега брои преку 300.000 прегледи што воопшто не е мала бројка, нели?

Принтскрин/ Јутуб

Инаку, еден детаљ од спотот посебно привлече внимание, а тоа е што истиот беше снимен во луксузната вила на пејачката.

Advertisement

Станува збор за прекрасен имот каде пејачката заедно со семејството ужива далеку од градската бучава, па затоа тука го поминува и најголемиот дел од слободното време, посебно во топлите месеци, што може да се види и од нејзините објави на Инстаграм.

Принтскрин/ Јутуб

Ова е вистинска оаза на едно од најубавите места во Македонија, каде пејачката заедно со сопругот си ги полнат батериите.

Принтскрин/ Јутуб

Луксузната вила досега многу пати сме имале прилика да ја видиме и на нејзиниот Инстаграм, а пејачката одвреме-навреме знае да покаже како изгледа и во внатрешноста, посебно со снимките од кујната.

Принтскрин/ Јутуб

Посебно во текот на летните месеци кога ужива и во големиот базен што го има во дворот, каде се направени и некои од најубавите снимки.

Принтскрин/ Јутуб

Куќата е направена од камен и дрво и изгледа луксузно, а во дворот покрај баенот има и вештачка трева и палми.

Принтскрин/ Јутуб

Принтскрин/ Јутуб

Целиот простор е ограден со големи саксии во кои има најразлични цвеќиња, а од дворот се пружа и поглед од милион долари.

Принтскрин/ Јутуб

Како сето тоа изгледа, погледнете од фотографиите, но и во новиот спот на пејачката за песната „Хабиби – Обичам те“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button