Погледнете што направија затвореничките од Идризово, а им помогна нашата позната дизаjнерка

Од неодамна една од најпопуларните модни дизајнерки Ирина Тошева започна еден проект кој што е поврзан со женското одделение во КПУ Идризово. Целта е реинеграција на овие жени преку работа.
Оваа иницијатива ќе им овозможи на осудените лица во женското одделение да стекнат и усовршат нови вештини, со што ќе станат поконкурентни на пазарот на трудот по нивното ослободување. Преку креативен ангажман и учење, ќе развијат вештини кои ќе им дадат чувство на исполнетост и личен развој – напиша дизјајнерката на Инстаграм пред некое време, најавувајќи ги почетоците.
Advertisement
View this post on Instagram
Advertisement
Дизјанректа во текот на овие месеци не водеше низ објави за тоа како се одвива процесот тековно. При тоа ги повикува сите заинтерсирани коишто сакаат да се приклучат кон поддршка и помош на овој проект.
Вложуваме време и ресурси, но ни е потребна ваша поддршка за да ги обезбедиме материјалите и машините потребни за старт. Доколку сте заинтересирани за соработка или донација, ве охрабруваме да ни се обратите. Заедно можеме да направиме значајна разлика и да им овозможиме подобри можности за иднината!
За 8 Март таа направи еден пресек на настанот.
View this post on Instagram
Денеска таа објави за тоа дека конечно се сработени првите производи од затвореничките кои јавноста ќе има можност да ги види и купи утре, но тоа не е се, се работи за еден многу хуман проект повзран со бездомните кученца.
Првите производи создадени во шивачката работилница во КПУ Идризово се појавуваат јавно, на модната ревија на кучиња во склоп на „Вдоми Љубов Фест.“ Создадовме бандани со мотиви на тема вдомување. Со нивно купување, директно ни помагате да набавиме опрема и алатки што ни недостигаат, за да продолжиме да учиме и создаваме. Спојуваме две каузи одеднаш: вдомување животни и реинтеграција на жени 💖
Сабота (31.05), Градски парк кај 8 чешмички, од 11 часот – стои во објавата.
View this post on Instagram
Браво за оваа прекрасна иницијатива на дизјанерката Ирина Тошева во соработка со „Лајка“!
Утре сите во парк да си вдомиме кученце со прекрасна марама!