Погледнете како оваа Македонка го носи модниот додаток по кој полудеа светските ѕвезди
Познатиот италијански бренд може да се пофали со многу ИТ парчиња
Меѓу нив се наоѓа и ременот по кој лудуваат трендсетерките од целиот свет. Во прашање е кожен ремен со препознатливото лого на брендот Gucci кој потполно ги полуди девојките од целиот свет. Популарноста на овој моден додаток од овој бренд започна кога на почетокот на 2015 година на местото на креативен директор дојде генијалниот Алесандро Мишел кој успеа да лансира многу модни бестселери како чантата „Dionysus“ или маиците со нивното лого.
Еден од првите негови чекори во модната куќа „Gucci“ беше токму враќањето на неговиот грб во знакот на двојното „G“, но само во малку помека и позаоблена варијанта сместена на парчиња како ремени, чанти, но и на облека и обувки.
Што се однесува до ременот неговата цена се движи од околу 200 до 500 евра, но и покрај превисоката цена, важи за еден од најпродаваните модни додатоци во продавниците на овој познат италијански бренд.
Кликнете тука или отворете ја следната страна и погледнете како една од нашите најпознати водителки го носи овој ремен.