Погледнете како изгледа домот на Сања од „Брза кујна“ – водителката не сте ја виделе во вакво издание
Топли бои и модерни детали

Познатата водителка покажа како изгледа нејзиниот дом
Сања Савеска, водителката која што сите обожаваат да ја гледаат во „Брза кујна“, покажа како изгледа нејзиниот дом.
Облечена во тесни беж панталони и црвена маичка со новогодишен дезен таа покажа како го средува дневниот престој.
И брза како и во својата кулинарска емисија, Сања го усиса целиот простор со новата правосмукалка, а притоа нејзините следбеници имаа прилика убавата водителка да ја видат во опуштено издание, без грам шминка на лицето, но и како изгледа оваа просторија и како ја украсила истата за престојните празници.
Инстаграм/ Сања Савеска
Она што може да се забележи на прв поглед е дека дневниот престој е исполнет со бели нијанси, но и дека има цвеќиња.
Инстаграм/ Сања Савеска
Покрај светлиот теписон, и трпезариската столица како и комодата за телевизорот е во бела боја, со детали во дрвена нијанса.
Инстаграм/ Сања Савеска
Тука секако е и Дедо Мраз кој е задолжителен детаљ во овој период од годината, а како сето тоа изгледа, погледнете во продолжение…