Реклама
Вести и политикаНаши ѕвезди

Погледнете ја новата објава на мајката на трагично настраданата Фросина – ова ги расплака сите

Нема да може да ги задржите солзите

Реклама

„Почивај во мир сонце мое, нека ти е светол патот. Една е мајка…“

Последните објави на мајката на Фросина Кулакова, Камелија Кулакова, ги растажија нивните најблиски, но и сите оние што ги познаваа.

Не стивнува болката и преголемата тага по страшната несреќа во која згасна животот на младата дизајнерка Фросина Кулакова од Неготино. Таа беше прегазена на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, и тоа додека се шеташе со кучето и во непосредна близина на нејзиниот дом.

Маркетинг

А колку таа беше блиска со семејството, покажува и нејзината последна објава на Фејсбук од која на многумина им течат солзи.

Маркетинг
Инстаграм/ Фросина Кулакова

Имено, Фросина неколку дена пред да го изгуби животот сподели колаж од снимки од прославата на Нова година со своите најблиски.

На снимите се и нејзината мајка и татко, но и нејзината сестра Росица со која Фросина беше неразделна и мошне блиска.

Фото: Гламур.мк

Премногу тажни се и објавите на мајката на Фросина, која по несреќата најпрво ја промени својата слика со црна позадина.

Инстаграм/ Фросина Кулакова

Таа потоа неколку дена не се огласуваше, се додека не ја сподели првата објава во која што бара да има правда за нејзината Фросина.

Таa денес повторно се огласи, а нејзината објава може да ја прочитате во продолжение или на нејзиниот профил на Фејсбук.

Принтскрин/ Фејсбук, Камелија Кулакова

Принтскрин/ Фејсбук, Камелија Кулакова

Потсетуваме, по големата трагедија што се случи во која загина 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино не стивнуваат реакциите како од страна на семејството и најблиските, така и од граѓаните кои бараат правда. Во Скопје се случија и неколку протести, а најавени се и нови, а граѓаните бараат одговорност, истовремено прашувајќи се кој ќе биде следниот доколку нема правда за Фросина.

Таа беше прегазена на 29 јануари од несовесен возач, и тоа на пешачки премин, кој возел во алкохолизирана состојба и поминал на црвено.

Марш во саботата ќе има во Неготино

Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи и во сабота во Неготино, објавија организаторите на настанот преку Фејсбук групата посветена на градот. Маршот ќе започне во 14 часот, на улица „Маршал Тито“, во близина на семафорите.

„Време е да ја подигнеме свеста за трагедиите кои секојдневно се случуваат на нашите улици. Овој протест е повик за промени, порака дека е доста со жртви во сообраќајот. Маршираме за Фросина, за Викторија, за сите кои го загубија животот поради несовесни возачи и нефункционални институции“, стои во повикот за учество и се повикуваат угостителите да се воздржат од музика овој викенд во чест на Фросина.

Инстаграм/ Фросина Кулакова

Протестот има за цел да ја истакне сериозната ситуација со сообраќајното насилство и апелира на итна промена.

Протести претходно имаше во Скопје и Неготино. Таткото на Фросина, Тодор Кулаков во гостување на телевизија Сител кажа дека ќе има уште помасовни протести и дека нема да се тргнат од пред институциите додека не добијат правда за својата ќерка.

Инстаграм/ Фросина Кулакова

Инстаграм/ Фросина Кулакова

Инстаграм/ Фросина Кулакова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button