TVНовости

Погледнете го првиот дел на документарецот „Рекет“ на Боки 13 – куп имиња и фотографии во видеото

Првиот дел од документарниот филм на контроверзниот водител е достапен за јавност.

Advertisement

Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, на својот фејсбук-профил го објави првиот дел од документарниот филм „Рекет“ кој се однесува на случајот „Рекет“ поради кој заврши во затвор.

Јовановски неколку месеци е веќе надвор од затвор поради здравствени проблеми, а деновиве беше осуден за „измама“ и „перење пари“ на пет години затвор.

Advertisement

По објавувањето дека е осуден на пет години, Боки се огласи за медиумите и објасни дека станува збор за стар случај од 2022 година, кој беше поништен и вратен на повторно судење.

„Добро сум. Тоа е за оној стар случај, какви осудени? Случајот беше поништен, па сега го намалија. Прво бев осуден на девет години, па намалија на пет. Сега е на апелација и тоа не е ништо ново,“ изјави Боки 13, и додаде дека не мисли да се враќа во затвор.

Во меѓувреме, водителот направи промоција за документарниот филм Рекет, а првиот дел сега го објави и на својот фексбук-профил.

Advertisement

Повелете, погледнете го.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button