Поглед што вреди милион долари – Јован Јованов ужива во канадскиот луксуз (Фото)

Македонскиот композитор и продуцент Јован Јованов очигледно целосно ужива во животот во Канада, каде што последните години живее и твори.
На неговиот инстаграм-профил тој објави фотографија со неверојатен панорамски поглед – мирна вода, високи згради и хоризонт што изгледа како кадар од филм.
Иако не откри од каде точно е направена фотографијата, „погледот од милион долари“ привлече големо внимание и бројни реакции од неговите следбеници.

Јованов неодамна кратко беше во Македонија, како дел од организацијата на фестивалот „Макфест“, кој годинава го одбележа својот 40-годишен јубилеј. Тој и настапи на сцената со својот познат хит „Магија“, враќајќи ги спомените на многумина кои пораснаа со неговите песни.
По гостувањата во неколку телевизиски емисии, каде што откри делови од приватниот живот, музичарот повторно се врати во Канада, каде што, како што вели, има свој мир, свој ритам и свое секојдневие.




