Реклама
Трендови

Mногу поевтина верзија на маицата што сите ја носат

Реклама

Што мислите, дали феминизмот и модата одат заедно?

Од големата Коко Шанел која им пркосеше на границите и во рамките на своите колекции ја започна револуцијата во женската мода со феминистички предзнак, се до независните Etsy дизајнери и дизајнерки кои допринесоа за оваа движење со нивните феминистички слогани испишани на основни парчиња како што се спортски блузи и маици со кратки ракави, низ годините модата и феминизмот го пронајдоа својот заеднички јазик.

Маркетинг

Oваа маица со натпис го преплави интернетот, а ние знаеме од каде да ја купите >>

Маркетинг

Феминистичките пораки оваа сезона можеме да ги видиме насекаде, од улиците низ нашите метрополи, па се до излозите и полиците на etsy продавниците. Најчесто станува збор за бели маици со големи црни букви изнапишани со феминистички пораки и што е најинтересно овој пат можете да ги сретнете и во колекциите на брендовите од високата мода. Приказната која ќе влезе во историјата на модата започна при крајот на минатата и почетокот на 2017 кога дизајнерката Марија Грација Чури ја претстави својата прва колекција како креативна директорка на Диор. Имено обичната бела маица со натписот „We should all be feminists“ која што беше споена со раскошно здолниште беше навистина неочекуван потег кој еднакво ги воодушеви како модните инсајдери така и активистките за женските права.

Еве во која продавница ќе ги најдете најубавите маици со натписи >>

Колку важен беше потегот на новата креативна директорка на Диор во најновата колекција за есен-зима 2017 покажа и Прабл Гурунг, американскиот дизајнер за помладата генерација, кој и одаде почест со натписот „Yes, we should all be feminists (Thank you, Chamimanda and Maria)“ на една од целата палета маици со позитивни пораки кои неодамна беа претставени на модните писти во Њујорк, една од најпрестижните модни недели,

Откако овој тренд ги освои познатите ИТ девојки како што се Ријана и Натали Портман, тој завладееја потполно со популарната културата, па само прашање на време беше кога овој момент ќе биде забележан и кај познатите хај-стрит брендови. Последно парче со многу подостапна цена, но со подеднакво силна порака од оние од колекциите на Диор и Прабл Гурунг се најде и на полиците на популарниот хај стрит бренд Страдивариус.

Станува збор за едноставна бела маица со кратки ракави кои овој пат послужи како совршено платно за оваа феминистичка порака.

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button