ПОЕТИ ќе му помагаат на младиот Филип Петрушевски да замине на ОПЕРАЦИЈА во Турција
Филип се бори хронична инсуфиенција на бубрезите и итно мора да замине на операција во Турција
Хуманитарен настан е закажан за утревечер (25.11.2023) со почеток 19 часот во кафичот ,,Метаноја” на ул. ,,Максим Горки“ во Скопје.
Поетска вечер на која присутните покрај тоа што ќе можат да уживаат во стиховите на неколку наши поети, ќе имаат можност да му помогнат со донирање парични средства на Филип Петрушевски.
Филип се бори хронична инсуфиенција на бубрезите и итно мора да замине на операција во Турција. Затоа одлучив да направам ваков настан со цел да ја привлечам публиката преку една потеска вечер, излегување со пријателите на пијачка, да помогнат да се спаси нечиј живот. На утрешната хуманитарна поетска вечер во кафичот ,,Метаноја” ќе има касички и секој може да донира колку сака, а водно ќе се ужива во стиховите на неколку наши познати поети, рече водителот Давид Давидовски.
Влезот е слободен за сите.