Препораки

Подравка Македонија продолжува со поддршка на угостителските училишта: Да донираме за опремување на СУГС “Лазар Танев” – Скопје

Advertisement

Подравка Македонија започна нов општествено одговорен проект, насловен како: „Донираме за училишта без мака и за јадења што секој ги сака!“, со цел поддршка на средното училиште ,,Лазар Танев”, најголемото средно стручно училиште во нашата држава кое образува, воспитува и продуцира кадар за потребите на угостителско-туристичката индустрија на Република Северна Македонија.

Главната цел на проектот е подобрување на условите за практична настава за учениците, обезбедувајќи им поквалитетни ресурси за образование и усовршување во угостителската струка.

Advertisement

Оваа година, во рамки на проектот „Донираме за училишта без мака и за јадења што секој ги сака!“, Подравка Македонија повторно ќе обезбеди донација за обнова на кабинетите за практична настава во угостителското училиште.

Овој општествено одговорен проект трае од 15.5. до 30.6.2025 година, а за време на тој период, 1 денар од продажбата на селектирани производи на Подравка ќе биде наменета за поддршка на угостителското училиште ,,Лазар Танев”,. Собраните средства ќе се искористат за набавка и обнова на опрема во кабинетите за практична настава, со што ќе се унапреди образовниот процес за идните готвачи и угостителски стручњаци.

Advertisement

„Како компанија која вложува во заедницата, Подравка Македонија со особено внимание ги поддржува децата и младите. Угостителските училишта се клучни за развојот на нови кулинарски таленти и зачувување на нашето гастрономско и културно наследство. Ваквите иницијативи се наш начин да придонесеме за поквалитетно образование и да ја испромовираме домашната гастрономија. Горд сум што вложуваме во иднината на младите готвачи,“ изјави Ивица Саралиевски, директор на Подравка Македонија.

Придонес за зачувување на традиционалните јадења

Како еден од лидерите во прехранбената индустрија во регионот и на пазарот на Република Северна Македонија, компанијата Подравка сака да им помогне на училиштата, но и да ја истакне важноста од зачувување на традиционалните јадења и кулинарското наследство на нашата држава. Преку едукација на учениците и пошироката јавност за културната вредност на домашната кујна, Подравка се стреми да обезбеди автентичните рецепти да се пренесуваат и негуваат низ генерации.

Затоа е креирана посебна платформа со фотографии (види тука), видеа и рецепти од традиционални јадења, која ќе го зачува богатството на вкусови што ги поврзуваат генерациите.

За да го заокружи овој проект, Подравка ќе организира „мастерклас“ во училиштето „Лазар Танев“ во Скопје, каде што учениците со нивните ментори ќе готват по познати рецепти за традиционалните јадења, како придонес кон зачувување на нашето гастрономско наследство и иднината на домашната кујна. Зготвените јадења ќе бидат донирани за деца од социјално загрозени семејства.

Проектот „Донираме за училишта без мака и за јадења што секој ги сака!“ е продолжение на иницијативата на Подравка Групацијата од 2023 година, кога беа донирани средства за угостителското училиште од продажбата на селектирани производи под брендот Вегета.

Комерцијален текст

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button