Подобро не можеше да биде – Видете што направија Благоја Грујовски и Василија за Спасен

Фолк пејачката Василија Петрова ги собра сите симпатии од нејзиното појавување на естрадата. Откако македонската јавност дозна за оваа девојка родена во Ќусдендил, но со македонски корени, само пофални зборови за неа на сите страни.
Василија има преубав глас и одлична харизма. Во 2020 година таа блесна на фестивалот „Пирин фолк“ во Сандански, каде што со песната „Жетварка“ освои пет награди, настапувајќи во носија од Егејска Македонија стара 200 години.
Настапи и на годинашниот на „Фолк фест Валандово“ со песната „Што си ветивме“ во дует со Благоја Груевски за која добија втора награда.
Во емисијата „Никој како…“ која е од забавен карактер Василија и Благоја беа гости. Еден дел од емисијата предвидува играње игри. Играта што ја играа беше да погодат кој лик се, а меѓусебно си смислија. Интерсно беше што и двајцата одбраа ист лик. Можете ли да погодите кој?
Секако, популарниот Спасен Силјаноски. Спасен го сподели исечокот од емисијата на која има многу смеење.
Погледнете како изгледаше тоа.
Да се потсетиме на убавиот дует помеѓу нив двајца.