Ким Кардашијан е нервозна што таа сега изгледа подобро од неа – нејзиното мрежесто боди покажа дека трудот се исплаќа!
Клои Кардашијан во секси издание
Клои Кардашијан откако се раздели со сопругот, кошаркарот Ламар Одом, се посвети целосно на вежбањето. И денес сите можеме да видиме дека нејзиниот резултат се исплатеше, и тоа до толку што сега се појави друго проблем. Имено, според некои медиуми, од неодамна нејзината сестра Ким е нервозна што Клои има подобро тело и облини од неа.
„Клои отсекогаш беше љубоморна на Ким поради нејзиното тело, но сега работите се променија. Таа напорно вежбаше и тоа почнаа да го забележуваат сите, а Ким многу се нервира иако секогаш и била поддршка“, изјави извор за Hollywood Life.
Клои при последното појавување кога носеше мрежесто боди им покажа на сите дека со постојано вежбање секој може да има рамен (и секси) стомак.
А Ким наместо да мрчи и да се иритира поради нејзината сестра, најдобро би и било да ги засука ракавите и да почне со вежбање.
Што поскоро, тоа подобро …