Три женски правила што треба да ги усвоите пред да наполните 35 ако сакате подобар секс
Истражувањето покажало дека жените постари од 35 години најмногу уживаат во сексот.
Истражувањето покажало дека жените постари од 35 години најмногу уживаат во сексот. Причината за тоа е што подобро се запознаени со своето тело, своите желби и потреби. Токму поради тоа ви ги прикажуваме овие мали женски правила кои треба да ги научите пред својот 35-ти роденден.
1. Правете го она што го сакате
Сексот е интимна работа во која учествуваат двајца. Уживањето кое може да го доведе водењето љубов, е неверојатно искуство, но само доколку го правите она што ви одговара. Не срамете се да кажете не, но исто така бидете похрабри да истражувате нови работи.
2. Експериментирањето не е табу
Довербата во партнерот и тоа како може да влијае на квалитетот на сексуалниот однос. Кога двајцата доволно се познаваат, малите експериментирања во сексот се добредојдени. Испробајте, комбинирајте и уживајте.
3. Не брзајте
Сексуалниот однос може да биде многу интересен и да трае цела ноќ или цел ден. Не се состои само во сексуалниот чин, туку и во мнозинството ситници пред и после него. Игра на заведување, предигра, жешки паузи, милувања… Можностите се различни, интересни и забавни. Уживајте во односите и истражувајте ги своите желби и потреби!